379
Поради штетата од силното невреме, водата во Сингелиќ и Стајковци е загадена. Од утрово има цистерни кои се поставени на патот, но изгледа тоа не е доволно, па жителите апелираат да им се достави и флаширана вода.
Жителите на најпогодените села од невремето печашат и по неколку километри за да купат леб и да се снабдат со вода, бидејќи водата од чешмите е загадена и не е за пиење.
Исто така жителите на поплавените села се жалат дека не добиваат помош од никого и дека самите ја вадат водата од поплавените места каде што чувале залихи или разна стока.