Заеви влегуваат во бизнисот со товарен транспорт

by Fokus

Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, за кратко време стана сопственик на уште една компанија – овој пат како основач на Тотал Коп. Компанијата е регистрирана на почетокот на месецов со дејност товарен патен транспорт, објави Фактор.

Седиштето се наоѓа на улица „Гоце Делчев“ во Струмица, а за директор е поставен Александар Марковски. Панче Заев од октомври лани е сопственик на новоформирана компанија за производство на електрична енергија – Солар Грин Енерџи, регистрирана исто така на истата адреса како и Тотал Коп.

Освен во прехранбениот сектор, за Заеви познато е дека имаат бизниси во ископот на глина, одгледувањето на канабис за медицински цели, градежниот сектор, малопродажбата и трговија.

Поврзани новости