Заев знае за „изненадувањето“ на Ахмети

by Фокус

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска изјави дека ДУИ во сабота ќе соопшти убава вест, но одби да открие за што станува збор.

-ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Убава затоа што е целосно во корелација во работењето на Владата, затоа што е модерна и соодветна на 21 век. Мене ме бендисува тоа што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ. Јас ќе оставам ДУИ да соопшти затоа што тоа е нивна агенда, нормално споделена со нас. Ќе ги препознаете голем број од државните политики како биле вградени согласно новата агенда која ја има ДУИ – изјави Заев.

Вчера, лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека на 5 јуни, кога впрочем е роденденот на ДУИ, во јавноста ќе објават изненадување, но и тој одби да откриe за што поточно се работи.

Поврзани новости