Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар. На состанокот била реафиримирана поддршката на Брисел за Владата.
Ставот што го пренел евроамбасадорот Жбогар е дека Брисел и земјите членки на Унијата сега гледаат можност за напредок на Македонија и се подготвени на принципиелно и експертско ниво да и помогнат на Македонија во реформскиот процес.
Во таа насока се разговарало за престојните реформи во делот на правосудниот систем, во делот на медиумите и воспоставувањето професионални државни институции.
На средбата бил поздравен исчекорот што го прави Владата на Република Македонија кон добрососедските односи, во духот на регионалната соработка којашто отвора евро-атлантски перспективи, а со тоа и стабилност и безбедност за целиот регион, соопшти владината прес-служба.