Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Олта Џачка, министерка за одбрана на Република Албанија.
На средбата е поздравено одговорното лидерство на премиерот Заев што овозможи постигнување договор со јужниот сосед на нашата држава и реализација на Договорот од Преспа.
Оценето е дека Договорот е пример како се решаваат билатерални прашања доколку постои искрена политичка волја, поради што Договорот од Преспа е придобивка како за нашата држава, така и за напредокот на целиот регион.
– Интеграцијата во НАТО значи мир и стабилност, но и подобра економија за нашите граѓани. Веќе е зголемен бројот на инвеститори кои инвестираат или најавија дека ќе инвестираат во нашата земја. Тоа е голема придобивка за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, по политиките на добрососедство зад кои застанавме и затворањето на сите отворени прашања со нашите соседи, како и интегративниот концепт во нашата држава, едно општество за сите граѓани. Ако ја зголемиме соработката меѓу државите од Западен Балкан, ќе имаме уште поголемо почитување од Европската унија, рекол премиерот Заев.