„Северна Македонија мора подготвено и со сто проценти капацитет на инстутициите да го дочека септември“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев од неговата родна Струмица.
Тој додаде дека мораме да бидеме целосно подготвени за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и со очекуваниот нов бран на вирусот.
Истакна дека СДСМ сака избори на кои ќе учествува опозицијата.
-Ние имаме силен демократски капацитет и како досега ќе направиме се’ опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови за изборниот процес, рече Заев.