Немојте да шпекулирате дека некој нешто прави во четири очи, Зоран Заев секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста, им рече премиерот Зоран Заев на опозициските пратениците во Собранието.
-Секој документ што е создаден на формален состанок стои во архивите, на МНР, во Влада, кај претседателот на државата, истакна премиерот Зоран Заев од парламентарната говорница предупредувајќи ги пратениците од опозицијата дека со своите дискусии можат да направат непоправлива штета во процесот за решавање на спорот за името. Ако во текот на преговорите Грција пуштила неархивирано писмо или ние, или предлог, заради тактики во преговорите, апсолутно, ниту се денеска составен дел од тоа што се договара, ниту се постојни документи, затоа што од Нимиц е документот којшто доаѓа и секогаш секој записник од преговорите освен последните, а верувам дека веќе се доставени, можеби најпоследниот не е доставен од Брисел, но тој од Њујорк е веќе доставен до сите. Како е комплетно напишано, така е детално доставено и до претседателот на државата, посочи премиерот на седницата на која се избираат четворица нови министри, рече Заев.