Голем број на актери, музичари, јавни личности и политичари вчера уживаа во 21-то издание на забавната манифестација Златна бубамара на популарноста. Помеѓу политичарите, веќе со години наназад во публиката може да се забележи и премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица.
И покрај тоа што настанот е познат по многуте шеги на сметка на политичарите и на актуелната состојба во земјава, премиерот вели дека Бубамара секогаш успева да го воодушеви и да го релаксира, и како воопшто нема пробелм од шегите на негова сметка вметнати во сценариото.
-Секогаш ме воодушевувала Бубамара, и секогаш ме релаксира! Така е и сега, без разлика дали шегите се на моја сметка или не. Се смеев со солзи и уживав во прекрасните настапи на сите учесници. Треба да имаме повеќе вакви настани во нашата држава! А јас лично, немам проблем кога се шегуваат уметниците на моја сметка. Јавна функција извршувам и за ммене е многу нормално да има шеги на моја сметка – изјави Заев за ,,Фокус’’.
Покрај премиерот, на манифестацијата ги забележавме и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев со сопругата, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, министерот за култура Роберт Алаѓозовски и други.
Вики Клинчарова