644
Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека владата одлучила да протера еден руски дипломат од Македонија.
-Би оставил соодветните институции да одговорат детално, но потврдувам дека постојат сомненија и докази и дека е постапено согласно дипломатските процедури и Виенската конвенција – истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека го консултирале претседателот Ѓорге Иванов за оваа одлука, но тој имал поинаков став.