Заев за приведениот дипломат: Ако некој го прекршил законот, треба да одговара!

by fokus

Никој не треба да прогласуваме за виновен додека тоа не се докаже, но ако некој го прекршил законот треба да одговара. Ова го истакна премиерот Зоран Заев во врска со дипломатот кој беше приведен во Србија по распишана меѓународна потерница од Ерменија.

„Штом има прифатено меѓународна потерница, тоа значи дека една држава веќе издала правен акт, тоа е Ерменија. И тоа е докажано само во таа држава. Наше е прво да го видиме предметот и доказите. Се што знам јас е од медиумите, затоа што ние немаме добиено предмет и не е мое да коментирам детали, но она што ќе кажам е дека секој треба да си одговара доколку го прекршил законот и дома и надвор од државата. Но, да видиме прво за што се работи, се работи за земја која не ни е позната, не е од соседството, не ги знаеме деталите. Јас првпат се научив дека таму имало некоја власт која се сменила, па некој брат на бивши претседател … Навистина ни е непознато дури и на нас политичарите, а камоли на граѓаните. Штом ќе бидат познати деталите ќе бидат објавени во јавноста“, вели Заев.

 

Поврзани новости