Заев за пожарот: Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон?

by Fokus

Модуларните болници се правени според високи стандарди и такви се во целиот свет, уште еднаш порача денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата, на која соопшти дека не ги прифати оставките на Филипче и Хасани.

„Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница? Вие очекувате од мене да бидам истражител. Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булоджери“, истакна Заев.

Поврзани новости