Заев за пораката на Иванов: Денеска не е ден за поделби, да зборуваме за убавите работи

by Fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната средба со папата Франциск упати политички пораки, кои наидоа на големи критики од јавноста.

Премиерот Зоран Заев не сакаше да даде коментар за таквите изјави на претседателот во заминување.

„Денеска, секако, не е дел за поделби. Денеска е ден за сплотување за единство, за потврдување на соживотот, но и за вербата во Бога која што, меѓу другото, повикува и на меѓусебно разбирање, почитување, помагање и поддржување. Се потсетивме и на мајка Тереза и за нејзината солидарност. Денеска треба да зборуваме само за убавите работи“, рече Заев.

Поврзани новости