459
Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да ја коментира најавената оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, само рече дека силна опозиција и е потребна на владата.
-Јас воопшто не сакам да си дозволам да коментирам работи за нашиот политички опонент. Само ќе кажам дека силна опозиција ќе ја направи владата уште поодговорна и потранспарентна. Тоа си е работа на раководстото на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови, рече Заев.