745
Најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, според премиерот Зоран Заев, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт.
Протестите, рече Заев, се нормална работа во слобода и во демократија, па додаде дека тој како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направи сѐ да не дозволи да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот.
-Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација – зошто не се власт, рече премиерот Зоран Заев прашан да ги коментира најавите на опозицијата за организирање протести.