Заев за мазутот: Нема покачен сулфур, ама има вода и недозволена прашина

by fokus

При направените контроли на надлежните служби и институции за увозот на мазут во земјава не биле најдени наоди за сулфур поголем од дозволениот еден процент. Сепак, најдени се наводи за количина на вода во мазутот поголема од дозволената. Најдени се и несоодветни залихи на мазут. Ќе се прават и анализи за да се види дали земјите кои извезувале за компании во Северна Македонија го декларирале продуктот како мазут или подоцна бил променет тарифниот број и во земјава влегло како мазут.

Владата ги задолжила надлежните институции во наредните седум дена да изготват еден сублимиран извештај во врска со сите направени контроли по што наодите ќе бидат презентирани пред јавноста. 

– Прво, деталните информации ни беа доставени вчера во вкупно шест или седум точки на владина седница каде што реферираа министерот за економија, министерот за екологија, директорот на Царина, директорката на Државниот пазарен инспекторат и директорката на Државниот инспекторат за заштита на животната средина. Тие ги доставија своите извештаи. Владата даде дополнителни задолженија во рок од седум дена да се изготви еден сублимиран извештај за да може и јавноста полесно да го сфати. Не се најдени наоди за сулфур поголем од дозволениот еден процент, но се најдени наводи за повеќе количина на вода од дозволената во мазутот. Најдено е дополнително прашина или не знам тој дел што е недозволив во делот на мазутот, најдени се несоодветни залихи коишто се пропишани по Законот и по Правилникот од Министерството за економија и соодветно на тоа самите инспекторати издаваат решенија, а секако и ги препраќаат до други институции како што е РКЕ надлежна да ги контролира неопходните залихи, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој информира дека Владата по дискусијата по ова прашање дала дополнителни задачи како што се потребата да се направи компаративна споредба на тоа што е излезено од земјите преку токму овие компании увознички и тоа што е влезено.

Поврзани новости