450
Јас сум против притвор за кој сметам дека треба да се користи како крајна мерка, никој не е виновен до конечната правосилна пресуда, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со притворот и штрајкот со глад на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
– Со Миле Јанакиески имав одлична соработка кога бев градоначалник, но нема да направам интеренција затоа што тоа би значело притисок и влијание врз судството – рече Заев.