895
Премиерот Зоран Заев денеска го коментираше вчерашното обраќање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и најавените реформи во неговата партија.
Според Заев, многу е значајно кога политичарите пред јавноста ќе дадат збор , тогаш тоа е нивен завет.
„Драго ми е што најголемата албанска партија ја заокружува етничката агенда и веќе денеска зборува за граѓаните.Доста беше Албанци, Срби, Грци, Власи…ние имаме граѓани во државата и сакам да го поздравам нивниот исчекор“, рече Заев.