Заев за изборите во СДСМ: Испишуваме историја

by Фокус

Денес за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни внатрепартиски избори, порача партискиот лидер и премиер Зоран Заев, кој единствен кандидат за уште еден четиригодишен мандат.

„Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ“, напиша Заев на фејсбук, откако и тој го искористи правото на глас.

Инаку, право на глас имаат 68 999 членови. Како што истакнаа од Централна изборна комисија, до 12 часот најголем одзив од 60 проценти имаше во Струмица, родниот град на Заев.

Поврзани новости