540
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање за став за хомосексуалните бракови, рече дека ставот на Владата е еднакво опшество за сите.
-Сакаме да ја слушнеме дебата по сите по сите проблеми и можни решенија на самите проблеми. Нашиот став како влада, но и како политички партии, е почитување на различностите и градење на еднакво општество за сите и остануваме на тие ставови и дополнително мотивирани за изнаоѓање на решенија. Владата не е најстручна по ова прашање, ги повикуваме стручните луѓе, експертите да ни презентираат меѓународни искуства, да отворат дебата во јавност, да ја слушнеме нашата јавност и согласно тоа да одиме со процедурите за изнаоѓање на решенија за ова прашање, рече Заев.