752
Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот го игра својот прв историски натпревар на ЕП против селекцијата на Австрија.
Кај целата фудбалска јавност владее оптимизам дека можеме да извлечеме позитивни резултати, а свој став за „Фокус“ даде и премиерот на Македонија, Зоран Заев.
„Со тоа што се пласираа на вакво големо натпреварување како Европско првенство, за мене се веќе победници и херои. Сите понатамошни успеси ќе бидат нова историја за македонскиот репрезентативен фудбал“, кратко ни истакна Заев.
На вчерашното отворање на ЕП, селекцијата на Италија со победа го започна својот настап, триумфирајќи над Турција со 3-0.
Јорданчо Цветаноски