Заев за Дојче Веле: Граѓаните ќе дознаат за трговијата на власта со името, сообраќајката на Никола Mладенов, Мартин Нешкоски, случајот „Монструм“,А1 телевизија

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во денешното интервју за „Дојче Веле“ тврди дека има 90 теми за објавување, за како што вели криминалното и коруптивно владеење на Никола Груевски и негоавата екипа.

– Зарем досега објавените материјали не се доволен доказ за криминалното и коруптивно владеење на Груевски и неговата екипа? Но, еве, на вашето прашање ќе одговорам симболично. Ако на пример има 90 теми, пакети за објавување, најголемиот дел од нив се и тоа како податливи за да бидат пресвртен момент. Граѓаните ќе дознаат до каде отишол Груевски во трговијата со името на државата, што случувало со Мартин Нешковски, за финансиските криминали, што се случувало со А1 телевизија и со други случаи како што е „Монструм“, со Никола Младенов… Бидејќи Заев и СДСМ ги поседуваат доказите, ние немаме намера да прогнозираме до кога Груевски ќе може вака да издржува, туку знаме дека неговото време истече. Груевски е минато. Преодна влада мора да има и избори мора да се случат. Тоа е неизбежно – истакна Заев.

 

Поврзани новости