Заев за БГНЕС: Ако не успееме овој пат, да направиме чекор напред и да се надеваме дека следниот пат ќе успееме

by fokus

Пред почетокот на средбата со лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, премиерот Заев во изјава за БГНЕС порача дека тој секогаш се надева на успешни разговори. На прашањето дали се подготвени за сериозни преговори и какви гаранции ќе даде С Македонија кон Бугарија, Заев вели двата пријателски народи треба да се поддржуваат и постојано да бараат заедничко решение.

-Два пријателски и братски народи треба постојано да разговараат и да бараат решение. Решението е некаде тука околу нас. Треба да го најдеме. Секогаш се надевам разговорите да се успешни, но и да не успееме овој пат, да направиме чекор напред и да се надеваме дека следниот пат да успееме, изјави Заев.

На средбата со Борисов како што информираат од владината прес служба била изразена желба врз основа на претходните позитивни искуства од подготовката и потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и врз основа на лидерството на Бугарија во однос на проширувањето на ЕУ кога претседаваше со Советот на Европската Унија, со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и на Западен Балкан.

Поврзани новости