380
Премиерот Зоран Заев во изјава за „Фокус“ од вечерашиот концерт во АРМ го коментираше појавувањето на фотогорафиите од Никола Груевски кој се шета низ Будимпешта.
-Цената на демократијата е дека секој граѓанин е слободен додека нема судска наредба за одземање на слободата. Веројатно тоа е слабоста на системот. Верувам истрагата ќе ги каже сите аспекти. Ние нема да се откажеме од екстрадиција, сите аргументи се на наша страна, дури и унгарското законодавство. Но, внимавам да не ги нарушам односите со Унагрија и затоа сум внимателен со коментарите. Бараме од ЕУ да ни докажат на нас канидатите дека владеењето на правото е императив, изјави Заев за „Фокус“.