Од 1 јануари околу 20.000 вработени во основното образование, а 8.000 во средното образование ќе добијат плата повисока за за 10%. Со покачувањето на платите и за вработените во високото образование, вкупно 32.700 вработени ќе добиваат повисока плата, истакна денеска премиерот Зоран Заев.
-Претходната влада за вработените во образованието направи покачување на платите од 850 денари, а ние само за две и пол години ги зголемивме платите за 2.150 денари, рече Заев.
Тој им порача на наставниците несебично да го пренесат своето знаење на учениците.
-Дајте се од себе за да пренесете квалитетно знаење. Тоа е нашата обврска. Нека е честито потпишувањето на овој договор, рече премиерот Заев.
Со ова, како што изјави министерот за образование Арбер Адеми, се подобрува материјалниот статус на вработените во образованието, но најави дека и во следниот период ќе се работи на подобрување на дигнитетот на наставниците и професорите.
Од СОНК се задоволни од постигнатото за покачувањена платите, но она што останува да се сравботи во следниот период е потпишување на колективен договор за високото образование, измени на колективните договори за основно и средно образование, враќање на регресот за годишен одмор, враќање на надоместокот за превоз за наставниците, кои одат на работа во руралните средини и плаќање на прекувремената работа.