645
Лидерот на СДСМ, Зоран Зев, на прашање на ТВ21 како ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер, Али Ахмети дека пиел ракија пред митинг, а потоа се каел за кажаното тој вели:
„Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот“, рече Заев.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа во гостување на телвизијата Сири во Албанија рече дека, Заев пред митинг пиел неколку чашки ракија, а потоа се каел за тоа што ќе го кажел на митингот.