Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечер во Велес изјави дека со Преспанскиот договор и со членството во НАТО земјава добила лична карта во ООН.
-Добивме имотен лист за државата. Вечерва Македонецот Заев им се обраќа на Македонците од Велес, македонско оро се играло и ќе се игра од двете страни на Вардар векови нанапред. Добивме лична карта во ОН. Во графата стои Македонци/ граѓанин на Република Северна Македонија кои зборуваат македонски јазик. Договорите што ги постигнавме со Бугарија и Грција ни беа влезна карта во НАТО и ЕУ – рече Заев.
Тој порача дека го победиле времето на страв, закани и уцени, алудирајќи на власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
-Времето кога не раскаруваа со сите дома и со сите соседи надвор, времето во кое што беше апатијата вгнездена во нашата земја заради тоа што немаше абер некој кога ќе добиеме одлука за почеток на преговорите со ЕУ или ќе станеме членка на НАТО, никој не зборуваше за тоа. И сега доаѓаат секој ден овде и Мицкоски и Јанушев и ви ветија НАТО и ЕУ? Никој од нив не вети НАТО и ЕУ, затоа што НАТО и ЕУ се завршени работи – истакна Заев.