Заев во Тирана: Регионалната соработка е дел од напорите за влез во ЕУ

by Фокус

До пред некое време едвај се среќававме и многу ретко седнувавме на заедничка маса, а ова што последните три-четири месеци се случува е новата реалност и слика на регионот, изјави македонскиот премиер Зоран Заев по третиот состанок на лидерите на Западен Балкан што денеска се одржа во Тирана.

-Се доворивме да започнеме процес со кој граѓаните од други земји надвор од Европа кои ќе влезат во некоја земја од Западен Балкан нема да има потреба за царинска контрола ако преминува во друга земја во регионот. Регионалната соработка е составен дел од нашите напори за влез во Европската унија – рече Заев.

Тој наведе конкретни придобивки од оваа иницијатива, меѓу кои се 24-часовно функционирање на граничните контроли за фитосанитарни и ветеринарни проверки, завршени преговорите меѓу Северна Македонија и Република Србија и за изградба на новиот граничен премин Лојане –  Миратовац, како и договорот меѓу царинските дирекции на Северна Македонија и на Албанија за Оне Стоп Шоп за граничниот премин Кафасан, каков што имаме со Србија на граничниот премин Табановце.

-Главната цел на овие Оне Стоп Шоп, односно гранични контроли со едно застанување наскоро да стана – Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување. Во остварувањето на оваа цел свој придонес ќе има и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки – истакна Заев.

Поврзани новости