695
Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, синоќа присуствуваа на концерт во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, по повод 147 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Како што може да се види од видеото, Заев во Бугарија пренесе поздрави од познатиот комичар Љупчо Бубо Каров, а во Софија беше придружуван од министерот за култура, Асаф Адеми и советникот во Владата, Роберт Алаѓозовски.
Претходно двајцата премиери имаа тет-а-тет средба на која се разговарало за укинување на царинските тарифи меѓу двете земји.
Извор: Труд онлайн