553
Во собрание ќе се вратиме само за да ги дефинираме чекорите за формирање на преодна влада откако премиерот Никола Груевски ќе поднесе оставка, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.
– Овој парламентарен состав е нелегитимен бидејќи не е избран на законски, фер и демократски избори – рече Заев.
Тој додаде дека неговата цел е враќање на слободата и демократијата во Македонија.