445
Премиерот, Зоран Заев, во пресрет на распишување на референдумот испрати порака преку својот фејсбук профил во која вели дека Договорот со Грција го гарантира македонскиот идентитет. „Нашиот јазик е македонски, културата е македонска“, пишува тој.
„Според членот 7 од македонско-грчкиот Договор, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван“, порачува Заев и го линкува Договорот објавен на сајтот на Владата.
Се очекува денеска попладне да се одржи собраниска седница на која пратениците ќе гласаат за распишување на референдумот. На предлог одлуката веќе се потпишани пратеници од СДСМ, ДУИ и БЕСА.