777
Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Сојузна Република Германија, по повод доделување награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).
-Церемонијата во Берлин што ќе започне во 15:45 часот, а ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, ќе може да се следи во живо преку каналите на социјални медиуми на премиерот Заев, информира владината прес-служба.
Покрај ова премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.