Заев во Охрид: Ставаме крај на криминалот и корупцијата

by Fokus

Само притисоци и закани имаме затоа што отворено сме против оваа криминална власт. Мора да има владеење на правото. Мора да им се врати имотот на вистинските сопственици во Пештани, побараа пештанци на денешната средба со лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, кој е во посета на Охрид. Тие тврдат дека власта краде имот, крадат гласови и дека по сите основи се дискриминирани и обесправени.

Според лидерот на СДСМ, промените незапирливо доаѓаат.

–  Ставаме крај на криминалот и корупцијата, во Македонија да има право и правда за сите. Сите ќе бидаме еднакви пред законот и сите заедно ќе се бориме за подобар живот – истакна Заев.

Тој оствари средба и со борците од НОБ. Тие изразија незадоволство од состојбата во којашто се наоѓа државата и загрозената слобода, правда и еднаквост.

-Ние како Сојуз на борци од НОБ имаме морална одговорност во зачувување на безбедноста на државата, враќање на слободата и просперитот на држава. Затоа се приклучивме во оваа борба за сигурна иднина на слободна Македонија – истакнаа тие.

Заев додаде дека со реализирање на мерките од програмата на СДСМ ќе се  обезбедат нови работни места и пристојна работа со повисоки плати.

-Силно ќе го помогнеме домашното стопанство а со мерките за повраток на 15% од ДДВ парите ќе ги враќаме кај граѓаните. Имаме мерки за отворање на нови работни места, зголемување на стандардот и еднаквоста во општеството коишто ќе гарантираат сигурна и подобра иднина за сите наши граѓани – рече Заев.

 

 

Поврзани новости