498
Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која на 21 февруари ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.
За време на оваа посета во Берлин, Заев ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркелм информираат од Владата. По средбата, канцеларката Меркел и премиерот Зоран Заев ќе имаат заедничка прес – конференција.
Официјалната посета предвидува и средба со претседателот на СР Германија Франк Валтер Штајнмаер.
Во рамките на агендата на официјалната посета на СР Германија, премиерот ќе има и свое обраќање во централната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт.