748
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во 11 часот ќе го достави до Собранието предлог составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.
Поднесувањето на предлог составот на новиот владин кабинет следува по повлекувањето на пратениците кои ќе бидат идни министри и верификацијата на мандатите на новите пратеници кои дојдоа на нивните места во законодавниот дом.
Новата Влада ќе биде помала, односно ќе има 19 министри, наместо досегашните 26.
СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност.