Заев: ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги кочат изборите

by Фокус

Ја прифативме методологија за прочистување на Избирачкиот список што ја предложи Државната избoрна комисија затоа што не сакаме некој да каже дека ние го кочиме процесот, напротив ќе докажеме дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прават тоа, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со лидерите на Националната демократска преродба (НДК), Весел Мемеди и претседателот на Движењето за реформи – ДПА, Зијадин Села.

Тој рече трите партии дека имаат заеднички став дека на 24 април нема да има избори.

– ВМРО-ДПМНЕ јасно настапи дека нема да го прифати предлогот на меѓународната заедница за реформи во медиумите. Вчера владејачката партија официјално достави информација до ДИК дека ја прифаќа методологијата, па и ние го сторивме тоа за да не кажат после дека ние го кочиме процесот и го одолговлекуваме одржувањето на изборите. СДСМ сака брзи избори, но тие мора да бидат фер и демократски – рече Заев.

Тој појасни дека во идеални услови на функционирање на институциите потребни се од 85 до 90 дена да се прочисти списокот за тој да може да биде ставен на увид на гласачите. Ако изборите бидат на 24 април, тогаш списокот треба да се затвори до 5 март, а до тогаш нема доволно време.

 

Поврзани новости