479
Никола Груевски, Сашо Мијалков ги окупираа животите на граѓаните со прислушувањето, ги злоупотребуваат институциите за да ги стават во затвор противниците и преку медиумската контрола конструираат сценарија и филмови од реалноста.
Ова го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на крајот на прес-конференцијата, на која ја објави третата политичка бомба, главно поврзана со политички монтираното апсење на Љубе Бошкоски и медиумската обработка на овој настан.
– Се потврди дека целта на апсењето на Бошкоски е да му ја преземат партијата и, како што самите велат, да ги сотрат сите кои не се нивни – рече Заев.