Заштедите во државната каса веќе започнаа. Веќе се заштедени 10 милиони евра, ги прекинавме кампањите на CNN и BBC, ги прекинавме договорите со странските квази советници, истакна премиерот Зоран Заев на собраниската седница.
– Но, што да правиме со луѓето кои по десеттина-дваесет дена не се појавиле на работа? Законот вели по три дена ненајавено отсуство престанува работниот однос. Уште еднаш апелирам до луѓето да си доаѓаат на работа – рече Заев одговарајќи им на опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ посојано се опоменувани од претседателот на Собранието Талат Џафери за дискусиите надвор од темата на дневен ред, односно опозициските пратеници голем дел од времето за дискусија го трошат за критики кон довчерашната посета на владината делегација на Бугарија.