Заев: Владата е силно ориентирана кон развој на домашната економија

by fokus

„Владата е силно ориентирана кон развој на економијата во Македонија, отворање нови и подобро платени работни места и финансиска стабилизација на семејствата, а со тоа и на државата“, изјави премиерот Зоран Заев, кој денеска се сретна со претставници на Европската банка за обнова и развој.

Заев оствари средба со потпретседателот Пиер Хелборн, придружуван од помошник директорот, Олег Левитин, регионалниот директор за Западен Балкан, Холгер Муент, извршниот директор за Македонија, Франс Векерс и директорката на ЕБРД во Македонија, Анка Јоана Јонеску.

„и разгледуваме и ги земаме предвид сите можности во нашата определба да го помогнеме развојот на домашните компании. Свесни сме дека отворањето на евро-атлантските перспективи ќе биде силен поттик и за странски инвестиции и затоа работиме на интензивна реформска агенда што ќе ги обезбеди“, рече премиерот Заев.

На средбата е констатиран поттик на позитивна клима и енергија од новата Влада за развој на Република Македонија.

Поврзани новости