Заев вети решение на проблемот со дивоградбата кај Мавровка: Граѓаните со право реагираа!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев најави дека Владата наскоро ќе донесе одлуки согласно кои ќе може да се реши проблемот со дивоградбата која се гради кај Мавровка во Скопје.

-Денеска заедно со правните служби ги разгледавме сите модалитети на многу прашања, а едно од нив е и објектот кај Мавровка, проблем кој пркоси во центарот на Северна Македонија и Скопје и еден пркос за кој со право граѓаните реагираа. Денеска ќе донесеме конкретни одлуки не би сакал однапред да ги кажам бидејќи одлуки носи Владата, а не премиерот, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по настанот за одбележување една година од работењето на Агенцијата за национална безбедност.

Во деталите на самите одлуки, појасни премиерот Заев, се оформени правните постаки за тоа како треба Владата да пристапи во испорачувањето помош за една локална самоуправа, а во случајот тоа е општина Чаир.

-Општина Чаир има записник и решение, но нема компанија да го изврши решението односно да ги спроведе работите за остранување на објектот кој не е согласно законска документација. Штом ќе ја донесеме одлуката ќе ја објавиме и верувам дека многу брзо ќе почнат активностите на терен за да се справиме со ова незаконско дејание што ни се случува дрско пред очите на целата јавност, истакна Заев.

Поврзани новости