Заев вети дека ако треба и лично ќе донесе одлука да се догради хотелот во Лагадин што прекрши 12 закони

by fokus

Премиерот Зоран Заев му вети на инвеститорот на хотелот во Лагадин што прекрши 12 закони дека ако треба лично ќе ја донесе Второстепената комисија и ќе го реши случајот, на денешната трибина во Охрид, објави порталот СДК. Инвеститорот Никола Толески на трибината му кажа на Заев дека сака да го догради објектот и ако може да ја фати сезоната. За хотелот, инвеститорот кажа дека е едно „обично објектче“ за семеен бизнис со 8 соби и 9 апартмани.

Одобрението за градба на хотелот, кој почна да се гради на во 2016 година во време кога градоначалник беше Никола Бакрачески, е поништено од Општина Охрид, а против изградбата на хотелот, која е надвор од сите прописи за заштита на животната средина, се кренаа бројни здруженија во Охрид, а и самите жители на населбата во повеќе наврати, во знак на револт го блокираа патот Охрид-Пештани-Свети Наум.

Изградбата на хотелот во Лагадин прекршува вкупно 12 закони, 1 подзаконски акт и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Дополнително, Инспекторатот за животна средина потврди дека градбата се наоѓа во заштитените 50 метри од брегот на езерото во кои не се дозволени објекти од цврста градба.

Поврзани новости