638
Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Алсат прашан дали сега кога има и три други нови обвиненија, дали уште верува дека можеби Драги Рашковски е невин“, одговори дека „секако верува, но кој е тој да каже“.
-Да, секако верувам дека е невин. Но, реков кој сум јас. Тоа судот треба да го каже и секако со правосилна судска пресуда. Но, што е важно? Важното е дека законот важи еднакво за сите, сите сме рамноправни пред законот. Ако некаде постои сомневање, денеска се гонат сите. На крајот во судска постапка се утврдува кој е виновен, кој не, вели Заев.