Премиерот Зоран Заев денеска на настанот на ОН за Истанбулската конвенција се заблагодари на заложбите на сите засегнати страни во борбата за правата на жените и родова еднаквост во македонското општество:
„Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, дозволете најпрвин и јас да ја искажам мојата почит кон сите активистки кои неуморно работат и се залагаат за родова еднаквост. Вашата долгогодишна посветеност и борба резултираа со ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство. Ве уверувам дека како претседател на Владата цврсто застанувам покрај вас и со вас бидејќи навистина нема родова еднаквост и еднакви можности се додека жените и девојките трпат насилство – истакна Заев.