374
Тет-а-тет средба ќе остварат утре премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во земјава, како специјален гостин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.
Во 10:00 часот на платото пред Владата ќе биде организиран официјален пречек на високата делегација од ЕУ предводена од Туск.
По тет-а-тет средба, како што информира владината прес-служба, ќе следува и билатерална средба на делегациите на Владата и на Европскиот совет.