Заев уште не доставил оставка ниту во партијата

by fokus

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се уште не ја доставил оставката од лидерската позиција ниту од партијата, дознава „Фокус“.

Од СДСМ пак само нагласуваат дека органите на партијата, заедно со претседателот, работат на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.

Одлуката за распишување предвремени партиски избори ја носи Извршниот одбор на СДСМ, а со носењето на таа одлука се одредува и датумот за нивно одржување.

Вонредните избори се спроведуваат на начин и процедура како редовните избори, а се распишуваат во случај на поднесување оставка на претседателот на СДСМ, со изгласување недоверба или со престанок на функцијата по кој било друг основ.

Одлука за распишување на предвремени избори донесува Извршниот одбор на СДСМ, најдоцна во рок од 15 дена од денот на престанок на функцијата.

Поврзани новости