Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска одржа пресконференција на која предупреди дека исто како и за прсилушувањето, власта сега режира сценарио за фалсификувањето на личните карти.
-Тогаш тврдеа дека прислушувале странски служби, па потоа жолти комбиња, па дека опозицијата прислушувала. Сега повторно преку пропагандата Груевски режира филмови. Велат ние фалсификуваме лични карти, за самите себе да се отвориме истрага и да се прогласиме за виновни, изјави Заев и додаде дека вистинската истрага ја отворил новиот министер во МВР, Оливер Спасовски.
Заев порача дека криминалната власт нема да успее да ја сокрие вистината преку создавање афери во медиумите.
-Се гледав и се гледам со сите граѓани кои се охрабрија и се охрабруваат да помогнат во разобличувањето на оваа криминално-корупциска власт на Никола Груевски. Вистината е дека мафијата е во Владата. Груевски, Мијалков и нивните соработници не можат да го спречат тоа преку афери во медиумите, рече лидерот на опозицијата.