Како и многу други така и јас поминувам низ тешки периоди. Целта на наративот дека ја ставам на коцка мојата лична кариера, поврзано со Скопје е да повикам на одговорност на граѓаните, пред себе, пред татковината. Изборите профилираат правец на движење на државата. Дома кога седиме ништо не помагаме, напротив одмагаме. Тогаш не е јасно мнозинството граѓани во каков правец сакаат да се движат, вели премиерот Зоран Заев за Утрински брифинг.
-Ги следиме аналитиките. ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот. Нема повеќе апсорбционен капацитет заради нивните политики. Нашитите политики имаат поголем апсорбционен капацитет. Тука е НАТО, суперлавите од европските лидери кон РС Македонија. Вториот дел е концептот „едно општество за сите“. Тука има еден огромен потенцијал кој што остана дома а треба да излезе на гласање. Затоа повикот е кон тие луѓе – излезете затоа што пропуштате и вие да учествувате во дефинирањето на иднината на државата, вели Зае
Тој додаде дека верува дека скопјани нема да дозволат да бидат иманипулирани.
-Во живот ако се определите да бидете претставник на странска држава тогаш тоа го работите. Не можете да биде претставник на странска држава, а да водите влада во влада. Вториот дел е што Арсовска е државјанин на друга држава, вели Заев во врска со двојното државјанство на кандидатката Данела Арсовска што СДСМ го објавија вчера.
Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначалник, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941 но овде бираме градоначалник. Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани, вели Заев.
-Очекувам Аровска да се повлече веднаш, ако малку си го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, додава премиерот.