761
Премиерот Зоран Заев во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека не му се лути на Бранко Црвенковски за изјавата дека СДСМ треба да се огради од него.
-Година ипол, две се немаме слушнато со Црвенковски. Сме си испраќале поздрави преку други луѓе. Не, не мислам дека претседателот Црвенковски требало да молчи. Јас мислам дека Црвенковски треба да биде активен во политиката. Тие политичари може да придонесат со своето искуство и знаење. И во многу други европски земји поранешните претседатели се активни. Сето тоа е коректив на политики, јас не се лутам за тоа.
А, ако некој мисли дека поради овие ставови Заев треба да биде сменет од претседател на СДСМ, бујрум, во април имаме отворени избори, порача Заев.