Премиерот Зоран Заев упати честитка по потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Како што истакна Заев, наредните генерации и децата ќе живеат подобро во регион кој зрачи со надеж.
„Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста алијанса. ??
Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи.
Нашите генерации и децата на нашите генерации ќе живеат подобро, во земја и во регион кои зрачат со надеж. Нека ни е честито, да бидеме горди“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.