Заев: Треба да обезбедиме признаен идентитет преку членство во ЕУ и НАТО

by Фокус

Должни сме да преземеме одговорност за Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, како нова ѕвезда во европското соѕвездие. Денес сме повторно пред историски избор. Oваа генерација треба одлучно и храбро да го направи исчекорот за нашата стратегиска цел во оваа фаза од нашата историја – егзистенција за секого, европски животен стандард, осигурани граници, безбедност и стабилност, признаен идентитет преку членство во НАТО и во ЕУ.

Ова го нагласи премиерот Зоран Заев на синоќешното заедничко прославување на 11 Октомври, Денот на почетокот на народното антифашистичко востание на двата града Прилеп и Куманово пред Меморијалниот музеј во Прилеп „11 Октомври“, некогашниот Участак каде почнале виорните историски настани 1941-та.

-Пред 77 години, нашите државотворни предци направиле избор и го кренале гласот Македонија да ја направат дом на слободата, победник над фашистичкото зло – рече Заев, додавајќи дека празниците се добар момент да се запрашаме како да го зачуваме она што го наследивме и како од Македонија да направиме подобра држава.

Поврзани новости