Заев: Треба да и заштедиме време на Македонија

by fokus

Се уште се сублимира референдумските резултати, а во текот на денот ќе се знаат официјалните бројки на излезност кои треба да ги соопшти ДИК.

Премиерот Заев е задоволен од исходот на гласањето и како што порача, Македонија треба да се движи напред а најавените избори треба да ги сменат состојбите на подобро.

„Вредно е да посветиме време и внимание и да и заштедиме време на Македонија. Процесите не можат да останат замрзнати, не можат да стојат во место и мора да се движат напред. Денеска е ден на сублимирање на сите анализи и веројатно од утре ќе почнеме со разговор. Изборите ќе ги сменат состојбите на подобро во функција на број на пратеници за гласањето на уставните промени“, порача Заев.

Поврзани новости